Членување

Секој е добредојден да биде член на Велосипедскиот кружок.

За да станете член треба:


• Да пополните формулар за зачленување.
• Да го предадете формуларот на еден од доброволците.
• Да уплатите годишна членарина од 1000 денари.
Откако ќе станете член:
• Добивате информации преку е-пошта.
• Имате удел во одлучувањето на датумот за одржување на следното дружење.
• Учеството на велосипедските дружења се бесплатни, но доколку има дополнителни трошоци како: храна, транспорт и сл. си ги покривате дополнително.
• Можете да понесе малолетен член од своето семејство на дружењата (без дополнително учество во трошоците за организација).
• Добивате поклон секоја година (практични производи, специјално изработени за членовите).
• Добивате попуст во одбрани продавници и велосипедски сервиси.