Учество на Активности

На активностите на кружокот се добредојдени сите.

- Членовите на Кружокот учествуваат слободно и бесплатно. Единствено трошоци како храна, транспорт и ноќевање, доколку ги има, треба да си ги покријат.

- Малолетните деца на членовите на Кружокот исто така учествуваат бесплатно, со тоа што родителите членови се обврзуваат да се грижат за нив.

- Тие што не се членови на кружокот можат слободно да дојдат и за прв пат да ги искусат нашите активности (секако бесплатно). Можеби после тоа ќе се решат да станат членови.

- Оние кои пак не сакаат да станат членови а сепак сакаат повторно да дојдат на активностите, треба да покријат дел од трошоците за организација на активноста, односно 150 денари за еднодневна активност. Доколку пак има други трошоци како храна, транспорт или ноќевање, ќе треба сами да си ги покријат дополнително.