Вело кружочка дружба „Кино Манаки“

Езеро Треска | Сарај | 2017
February 8, 2017
Најава за дружба „Дојран“ (од грчката страна)
April 26, 2017

Овој февруарски снежен месец, поради енормната загаденост, Кружокот вртеше до село Бардовци каде што го посети локалитетот ‘‘Хавзипашини конаци’’. Станува збор за три оградени дворови (машки, женски и средишен),  изградени на чивфликот на Хавзи паша во периодот од 1830 до 1845 година.  Во моментов, на просторите каде што во минатото се наоѓал машкиот дел, се чува националниот филмски фонд на Кинотеката на Македонија. Во централниот дел зад големата капија е снимен и дел  од филмот „Трето полувреме“. <br/>

А кога сме на тема филм, Кружокот доби и специјална покана да го погледне документарниот филм “Виа Егнација” во топлиот дом на доброволецот Јоне. Идејата за проекција на овој документарец е најава за априлската Кружочка дружба, која ќе движи на дел од потегот “Виа Егнација”.<br/>

 

 

Кружочките членови уживаа во една поинаква дружба од вообичаените исполнета со одличен документарец, добра забава и секако богатата и вкусна трпеза во која сите поединечно имаа учество.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *