Биди доброволец

Биди дел од тимот на доброволци на Кружокот

Услови за да станеш доброволец:


• Да си член на Кружокот
• Да си учествувал-а на најмалку 3 организирани велосипедски дружби со Кружокот
• Да имаш пристап до компјутер со интернет

Лични предиспозиции за да бидеш доброволец во Кружокот:


• Да имаш желба за учење и личен развој
• Да сакаш да им служиш на другите членови
• Да сакаш да работиш во тим
• Да сакаш да истражуваш велосипедски патеки и дестинации
• Да си примерен учесник во сообраќајот, на велосипед
• Да знаеш или да имаш желба да научиш да поправаш велосипед и/или да даваш прва помош и/или да фотографираш

Што значи да си доброволец?


• Обожаваш да возиш велосипед
• Ја сакаш и чуваш природата и животната средина
• Се грижиш за добросостојбата на членовите за време на организираните дружби
• Најмалку два викенда во месецот ти се резервирани за возење точак со Кружокот
• Бар еднаш, но најверојатно два пати во месецот да издвојуваш попладне за состанок со другите доброволци од Кружокот
• Редовно, по неколку пати на ден, проверуваш е-пошта и комуницираш преку е-пошта со останатите доброволци
• Превземеш дополнителна фукнција од административниот дел на Кружокот, како магационер, благајник, модератор на фејсбук групата, или кој знае што ќе измислиме
• Учествуваш на обуки и семинари за секакви вештини и повторување на веќе стекнатите

Што треба да направиш за да станеш доброволец?

• Да напишеш порака до останатите доброволци од Кружокот дека сакаш да се вклучиш во тимот, на milton (мајмунче) to4ak.com
• Откако тимот на доброволци ќе провери дали ги исполнуваш условите за доброволец во Кружокот, некој од доброволците ќе те контактира.
/p>